За нас

Fantasia е најновиот бренд на македонската кондиторска компанија Макпрогрес.  Fantasia е линија на полуготови производи, кои овозможуваат брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, тортици, мафини и крекери, но и широка палета на додатоци за декорирање на слатки, како и додатоци за печење. Оваа палета е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар.

Палетата на Fantasia нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина.
Портфолиото на производи е изработено според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат да се хранат квалитетно. Брендот Fantasia, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно.

Повеќегодишната напорна работа на тимот на технолози, контролори на квалитет и маркетери од „Макпрогрес“, активно работејќи на избор на состојките, рецептурите и изгледот на финалните производите, вроди со плод со кој сме исклучително задоволни. Развојот на целата гама на производи се должи на заедничката работа на развојните структурите на Макпрогрес.
Производите од палетата на Fantasia може да се најдат во сите добро снабдени маркети. Наша цел е да направиме производи кои се лесно достапни, со прифатлива цена и едноставни за подготовка, но и да имаме задоволни потрошувачи насекаде низ светот кои се насладуваат на домашно приготвена храна.

Fantasia in Cucina –  Фантазија во кујната!