Торта расцепкана на размачкани парчиња, гости кои доцнат повеќе од еден час, руска салата, кифлички и куп неуспешни фотки објавени на Facebook – најчестата реалност на нашите родендени.
Сите би сакале да направиме нешто поинакво, да направиме забава за која ќе се зборува или барем ќе изгледа добро на Instagram. Поминуваме денови “чешлајќи” го Pinterest во потрага по идеи, но на крај се откажуваме смјетајќи дека треба премногу труд за сето тоа.А најчесто, се’ што е потребно е еден ден добра организација и изведба, зачинета со љубов и забава. Сепак е роденден, зар не?Доколку не знаете од каде да почнете, разгледајте ги овие неколку идеи кои ќе ви помогнат да ја разиграте имагинацијата и да приредите роденденска забава за паметење, а и за фоткањe. ![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2018-05/fkX0XMOP7o-kako-da-napravite-poinakva-rodendenska-proslava.jpeg)
![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2018-05/T48rOhhAgm-kako-da-napravite-poinakva-rodendenska-proslava.jpeg)
1. Здодевната правоаголна чоколадна торта заменете ја со некоја друга интересна форма. На крајот, па и не мора ни да биде торта!
Што мислите за идејата чоколадни мафини наместо торта? Земете готова смеса и готови се за неколку минути. Потоа сервирајте ги ги на голема кружна подлога едни врз други, и имате пирамида од соништата! Буквално не постојат граници на креативноста за нивно декорирање, можете и да испишете пораки на нив, па дури и да ги персонализирате за секој гостин одделно. Нема картонски кутии, нема фрижидери, сечење на парчиња и хаос од чоколадни дамки. Гостите едноставно си земаат парче од “тортата”, а купот полека се намалува.![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2018-05/fkX0XMOP7o-kako-da-napravite-poinakva-rodendenska-proslava.jpeg)
2. Најдете алтернативна локација
Лути соседи поради прегласната музика и два дена чистење се најчестиот резултат од домашните родендени, па како алтернатива за прославата веднаш помислуваме на ресторан или кафуле. Но, тоа и не е баш евтина варијанта.А за добра идеја, не требаат многу пари. На пример, покривот од зградата кој кај нас најмногу се користи за… ништо. Или за сушење на чаршафи. Или за првиот бакнеж на некој љубопитен средношколец.Полесно е да се договорите со соседите да ја пренесете својата бучава на покривот каде не се слуша толку, купете новогодишни светилки и закачете ги насекаде, дури и да е лето. А ако е лето, уште поубаво – гумено базенче, пулт каде гостите можат сами да ги измешаат своите коктели и voila! Тропска забава на покривот и зајдисонце за паметење!Или, роденденски пикник во градскиот парк, каде гостите ќе можат да ги поканат и своите миленичиња. Посебно тука, тортата од мафини е практична идеја, а солените мафини супер алтернатива за традиционалните кифлички.А ако сте родени во зима и овие идеи не функционираат за вас, закупете escape room, натерајте ги гостите преку акција и авантура да стигнат до последната просторија каде ги чека забавата и тортата – вашиот роденден дефинитивно ќе биде запаметен.![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2018-05/T48rOhhAgm-kako-da-napravite-poinakva-rodendenska-proslava.jpeg)