„Нема забава или прослава која не завршува со нешто слатко, торта, колачи или со некои од оние палачинки со неверојатен вкус подготвени од најиновативните кулинарски мајстори.
Десертите навистина заземаат посебно место во нашите срца, особено кога тој величенствен вкус ќе го поттикне ендорфинот, тешко е да се замисли дека слатките деликатеси можеме да ги замениме со нешто друго што му причинува таква радост на организмот.Ако организирате прослава во кругот на најблиските, а не сакате баш целото време да го поминете во кујна зад шпоретот, брендот „Фантазија“ од Макпрогрес Виница ви предлага навистина вкусни десерти.Станува збор за генијални полуготови смеси за палачинки и вафли со кои практично не можете да направите утка. Нема хаос во кујната, нема “Повеќе млеко требаше изгледа”, нема гладни усти и разочарани лица.А, толку се вкусни…
Буквално се’ што ви треба е еден сад, едно јајце и едно добро тавче. Техниката со текот на времето ќе ја совладате, сега кога смесата е доведена до совршенство.Изненадете ги саканите со превкусни палачинки, и бројте ги насмевките кои ќе ги добиете.
Прочитајте повеќе