„Фантазија“ влезе на пазарот со модерен маркетиншки пристап

Да се воведе нов бренд на пазарот воопшто не е едноставна работа . Тоа бара многу знаење, вештини и креативност да се изоди патот до потрошувачот . “ Фантазија “ е најновиот бренд во семејството на Макпрогрес кој истиот го воведува на пазарот со модерен маркетинг пристап.

Најавата за новиот член во семејството Макпрогрес се случи направиме на 6-ти март кога пред голем број на купувачи, соработници, пријатели беше презентиран асортиманот на новиот бренд создаден според потребите и барањата на модерните потрошувачи.

Од тој момент компанијата започнува со голема билборд кампања низ главниот град на најфреквентни локации и со брендирани автобуски постројки и автобуси. Потоа следуваше со радио рекламирање, принт рекламирање и презентација на брендот во ТВ емисии за готвење. Активно се организираат и продажни промоции во маркетите низ Македонија со еден поинаков пристап, односно со подготовка на мафини, крекери, колачи во Фантазија кујна со што потрошувачите на лице место може да вкусат и да се уверат во вкусот и во брзата подготовка а притоа да си добијат вредни подароци од полза на секоја домаќинка. Дел од нашите маркетинг активности се онлајн маркетинг и активна комуникација на брендот на социјалните медиуми.

„Брендот Фантазија во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно. А за возврат би добиле искрена насмевка, задоволство и нивна благодарност. Затоа и слоганот на нашата кампања е “Ти благодарам мамо”.

 

Она по што Фантазија се разликува на пазарот е примената на светскиот тренд – кратки видеа/туторијали за подготовка на производите

„При пристапот за промоција на Фејсбук и Инстаграм одбравме изработка на кратки видеа за презентација на едноставната припрема и корисноста од производите на Фантазија.  Сакавме да покажеме колку мали вештини, време и енергија  е потребно да се подготват свежо испечени десерти кои ќе предизвикаат воодушевување кај оние кои ви значат. Снимивме видеа за сите единаесет мешавини за подготвока на благи и солени мафини, брауни, колачи, крекери, палачинки, вафли.

Видеата ги реализиравме со Olympea Studios, ново продукциско студио од Виница. Заедно започнавме да работиме и на фотографија, анимации, видеа и за другите брендови, дел од големото семејство на Макпрогрес“, објаснуваат од маркетинг тимот на Макпрогрес.

Овој поразличен пристап за промоција беше интересен и доста добро прифатен од страна на нашите фанови. Добивме пофалби и барања за снимање на уште видеа за другите производи кои сеуште не беа објавени, имаше интерес што за нас беше дополнителен стимул да ја продлжиме нашата приказна уште по посветено. Ние не запираме тука, планираме и изработка на нови видеа со поразличен концепт од овој досега.

 

Прочитајте повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *