Палачинки со банана, чоколаден крем и ореви

Омилени на сите генерации! Кој може да одолее на највкусните палачинки со банана, чоколаден крем и ореви? Идеални се за појадок со чаша млеко, а добредојдени се и како десерт после ручекот или вечерата.Инспирирани од Fantasia Pancake Mix и чоколадниот крем со лешници–Чокола на Vincinni ви припремивме нов сладок десерт. А за да добиете совршени палачинки, ви предлагаме да го погледнете видеото со подготовкатапалачинки со чоколаден крем 

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење ставете ги смесата од Pancake Mix, јајцата, маслото и водата. Изматете ги состојките со миксер додека добиете хомогена смеса.
  2. Со помош на апарат за палачинки, испечете ги палачинките. Доколку немате апарат, може да користите и тава за палачинки. Подготовката на палачинките погледнете ја на видеото.
  3. На оган, на умерено висока температура ставете нелеплива тава за палачинки. Во загреаната тава ставете малку путер да се растопи.
  4. Земете ¼ чаша со смесата за палачинки и ставете ја во загреаната тава. Палачинката оставете ја да се пече за време од 1 минута, а потоа со помош на шпатула превртете ја од другата страна. Печете уште 45 секунди. Готовата палачинка ставете ја во чинија.
  5. Повторете ја постапката со преостанатата смеса за палачинки.
  6. Бананите исечкајте ги на кругови. Оревите исечкајте ги на покрупни парчиња.
  7. Палачинките премачкајте ги со Чокола крем и ставете од мелените бисквити кои ги има во пакувањето за Pancake Mix. Превиткајте ги на половина, а потоа свиткајте ги уште еднаш. Сервирајте ги со сечканата банана, ореви, Чокола прелив од карамел или чоколадо, и шлаг пена по желба. Послужете ги и уживајте во слаткиот вкус со Vincinni!
 палачинки со чоколаден крем Прочитајте повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *